• среда, 27 ноември 2024

Санкциониран возач кој возел 146 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Санкциониран возач кој возел 146 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Санкциониран возач кој денеска со „фолксваген голф“ возел 146 км на час на регионалниот пат Куманово - Скопје, на место каде е дозволено 50 км на час, информираат од МВР.

- Денеска, околу 10.15 часот на регионалниот пат Куманово - Скопје, во близина на с.Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково. Имено, во наведеното време со специјално возило т.н.„пресретнувач“ на МВР било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час, соопштуваат од полицијата. 

Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција. ир/ев/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан