• четврток, 26 декември 2024

Санкционирани 243 возачи на мотоцикли, од кои 108 биле исклучени од сообраќај

Санкционирани 243 возачи на мотоцикли, од кои 108 биле исклучени од сообраќај
Скопје, 25 август 2021 (МИА) - При зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, вчера полицијата казнила 243 возачи, од кои 108 биле исклучени од сообраќај. -Од нив, 151 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, 53 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта. аа/са/

Остани поврзан