Санација на коловозот на улицата „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје
- Градежни работи за санација на коловозот на улицата „Димитрија Чуповски’“ во Скопје ќе се вршат денеска од 8:00 до 14:00 часот во насока од Порта Македонија до улицата „Македонија“, информираат од ЈП „Улици и патишта“ Скопје.

Скопје, 12 април 2025 (МИА) - Градежни работи за санација на коловозот на улицата „Димитрија Чуповски’“ во Скопје ќе се вршат денеска од 8:00 до 14:00 часот во насока од Порта Македонија до улицата „Македонија“, информираат од ЈП „Улици и патишта“ Скопје.
-Апелираме да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и замолуваме за трпение во сообраќајот во часовите до завршување на градежните работи, со цел зголемена сигурност и безбедност за сите учесници во сообраќајот, велат од ЈП „Улици и патишта“.
За утре најавуваат дека ќе се изведуваат активности за обележување на хоризонталната сигнализација на сообраќајницата. вј/лв/
Фото: МИА архива