• среда, 25 декември 2024

Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон

Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон

Париз, 10 ноември 2024 (МИА) – Само 23 отсто од Французите го поддржуваат францускиот претседател Емануел Макрон, што е второ најниско ниво на поддршка од неговиот избор во 2017 година, покажа истражување на агенцијата за испитување на јавното мислење Ипсос, нарачана од весникот „Трибун Диманш“.

Рејтингот на Макрон падна за два процентни поени во однос на октомври.

Најмала поддршка за претседателот на Франција имаше во декември 2018 година, во екот на протестите на „жолтите елеци“, кога го поддржаа само 20 отсто од граѓаните. јт/

Остани поврзан