• петок, 27 декември 2024

Самостојна изложба „Будење“ на Марко Кусмук

Самостојна изложба „Будење“ на Марко Кусмук
Скопје, 4 мај 2022 (МИА) - Изложбата на слики „Будење“ на младиот српски сликар Марко Кусмук вечер ќе биде отворена во уметничката галерија Остен во Скопје. 

Публиката ќе има можност во оригинал да ги види сликарските визии од „будењето“ како тема на интерес на уметникот. Уметничките дела претставени на изложбата ја претставуваат четвртата димензија на сликарската идеологија на уметникот.

Изложбата „Будење“ ќе биде поставена во Галеријата Остен до 18 мај 2022 година во рамки на најавната програма на „Остен биенале на цртеж 2022“ и „Остен арт фестивал 2022“.

Марко Кусмук е роден во 1985 година во Сараево, Босна и Херцеговина. Живее и работи во Белград. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Сараево (БИХ), отсек сликарство, магистрирал на Academia di Belle Arti, Катедра за сликарство во Рим, а докторски студии по уметностзавршил во Белград на Факултетот за уметност и дизајн, отсек сликарство.

Има изложувано на 21 самостојна и повеќе од 60 жирирани изложби дома и во странство.

Марко Кусмук работи како независен уметник, изразувајќи се преку сликарство, цртеж и скулптура. Неговите уметнички дела се во јавни и приватни колекции. мд/дма/

Остани поврзан