Салепот е ароматичен и густ топол напиток кој особено се ужива во студените денови. Подготвен со млеко или вода, со мирис на цимет и нежна кремаста текстура, овој пијалак носи чувство на топлина.
Состојки:
- 500 мл бадемово или обично млеко
- 1 лажица салеп во прав
- 1–2 лажици шеќер или мед по вкус
- 1 мала лажичка мелен цимет
Забелешка: Салепот може да се подготви и со вода.
Подготовка:
Во мал сад ставете го ладното млеко, шеќерот и салепот во прав. Загревајте на средна температура со постојано мешање.
Кога ќе почне нежно да врие и 2–3 пати ќе зоврие, смесата ќе почне да се згуснува. Тргнете од оган и сипете го салепот во две шолји.
Одозгора посипете со мелен цимет по желба.
Послужете веднаш, додека е топол, и уживајте во овој ароматичен напиток.
Фото: Фрипик