• сабота, 23 ноември 2024

Салах со нов рекорд

Салах со нов рекорд

Ливерпул, 7 април 2024 (МИА) - Мохамед Салах е денешниот херој за Ливерпул. Тој постигна гол од пенал и му донесе бод на својот тим против Манчестер Јунајтед во ремито 2:2 на „Олд Трафорд“. Сепак, голот на Салах му донесе и нови рекорди.

Египќанецот е играчот со најмногу голови против „црвените ѓаволи“ во историјата на Премиер лигата. Салах има 11 гола и со тоа го престигна Алан Ширер кој има 10.

Тоа беше шести гол за Салах на „Олд Трафорд“, исто така рекорд. дс

Фото: Архива

Остани поврзан