• недела, 24 ноември 2024

Сакеларопулу за железничката несреќа: Не чувствуваме само одговорност, туку и срам

Сакеларопулу за железничката несреќа: Не чувствуваме само одговорност, туку и срам

Атина, 10 март 2023 (МИА) - Не чувствуваме само одговорност, туку би рекла и срам. Мора да има итна и целосна одговорност во секоја насока.  И сите заедно, со сите сили да се погрижиме ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, рекла грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за железничката несреќа во земјата со 57 жртви.

Сакеларопулу, за време на денешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис додала дека земјата живее трагедија, а општеството е луто и „ја губи довербата во институциите“, истакнувајќи дека овој гнев и бес на народот не смееме да се заборави.

Мицотакис, од своја страна, рекол дека оправдано е што постои лутина кај народот за нешто што „не требаше да се случи“. ср/сд/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан