Саинс: Нема да бидам втор пилот во Ферари, немам таков услов во договорот
- Пилотот на Мекларен, Карлос Саинц, кој ќе вози за Ферари од 2021 година, изјави дека нема да му го отстапи лидерството во италијанскиот тим на Шарл Леклер.
![Саинс: Нема да бидам втор пилот во Ферари, немам таков услов во договорот](https://new.mia.mk/index.php/images/20221104000732_big_730x400_66.webp )
Лондон, 3 јуни 2020 (МИА) - Пилотот на Мекларен, Карлос Саинс, кој ќе вози за Ферари од 2021 година, изјави дека нема да му го отстапи лидерството во италијанскиот тим на Шарл Леклер.
- Јас нема да бидам втор пилот на Ферари. Нема такво нешто напишано во мојот договор. Единствено е што интересите на тимот се поголеми од интересите на возачите. Во секој случај, знам дека ќе дадам се од себе за Ферари и ќе се борам за победа. Ако се појави тешка ситуација, ќе донесам вистинска одлука, порачува Саинс.
Оваа сезона шампионатот во Формула 1 ќе почне на 5 јули со трка во Австрија. зс/