• среда, 18 декември 2024

САД се придружија во осудата на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја

САД се придружија во осудата на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја

Вашингтон, 16 декември 2024 (МИА) - САД, заедно со девет други земји и Европската Унија, ја осудија сè поголемата воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја.

„Ќе продолжиме да дејствуваме заеднички, вклучително и со воведување економски санкции, за да одговориме на опасноста што ја претставува партнерството меѓу ДНРК и Русија“, се вели во заедничкото соопштение.

Потписници се и Австралија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Нов Зеланд и Велика Британија.ссм/

фото: архива

Остани поврзан