НАТО: Србија сама треба да одлучи какви односи сака со Алијансата
- На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“, одржана во Белград, беше истакнато дека Србија сама треба да одлучи за своите односи со НАТО, а Алијансата ќе ја почитува секоја одлука.
Белград, 17 декември 2024 (МИА) - На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“, одржана во Белград, беше истакнато дека Србија сама треба да одлучи за своите односи со НАТО, а Алијансата ќе ја почитува секоја одлука.
Досегашниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Белград, италијанскиот генерал Џампјеро Романо, нагласи дека НАТО ја почитува воената неутралност на Србија, но тоа не ја спречува соработката.
- Професионалноста на српските војници е препознаена во меѓународните мисии, како оние во Либан и Централноафриканската Република, рече Романо.
Помошник-министерот за надворешни работи на Србија, Игор Кужелка, истакна дека во јавноста постои „негативен став кон НАТО“, потсетувајќи на бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.
- Не смееме да ја заборавиме минатото, но мораме да гледаме напред, изјави тој. ссм/
фото: архива