• среда, 25 декември 2024

САД/Избори: ФБИ уапси две лица поради закани поврзани со изборите

САД/Избори: ФБИ уапси две лица поради закани поврзани со изборите

Вашингтон, 5 ноември 2024 (МИА) - Агенти на ФБИ уапсија две лица во Мичиген поради закани поврзани со изборите во Соединетите Американски Држави, јавува „Детроит њуз“.

Според истиот медиум, едно од осомничените лица е Исак Сисел, кој наводно користел корисничко име „ShootUpTrumpRally“ на платформата Редит и изјавил пред истражителите дека „сè би било подобро доколку Трамп е мртов“.

Вториот осомничен е Кристофер Клеј Принс, кој е обвинет за повеќегодишни закани кон политичкиот акционен комитет поврзан со Демократите. Претходно, ФБИ го предупредила дека може да биде кривично гонет ако продолжи со ваквото однесување.

Инаку, Трамп најави дека планира да ги следи изборните резултати во своето одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, во друштво на семејството и пријателите. ссм/

фото: архива

Остани поврзан