Руте во Вила Водно на средба со претседателката Сиљановска Давкова
- Генералниот секретар на НАТО Марк Руте кој пресотојува во официјална посета на земјава, попладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекан во Вила Водно од неговиот домаќин, претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Марк Руте кој пресотојува во официјална посета на земјава, попладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекан во Вила Водно од неговиот домаќин, претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Веднаш по церемонија, Сиљановска и Давкова заминаа на тет-а-тет средба, по што ќе биде одржан и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.
Предвидена е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и Руте.
Руте претходно, беше пречекан на скопскиот аердорм од министерот за одбрана Владо Мисајловски.
- Чест ми е да му посакам добредојде на Генералниот секретар на НАТО, Mark Rutte. Во време на сериозни безбедносни предизвици од особено значење е заеднички да придонесуваме за безбедноста, мирот и стабилноста, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Генералниот секретар на НАТО ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.
Руте ќе ја посетi и касарната „Илинден“ каде што ќе присуствува на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) na Armijata и на дел од опремата на оваа единица.
На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.
Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.
Во 2023 година во официјална посета на Македонија престојуваше тогашниот прв човек на НАТО, Јенс Столтенберг. ев/са/
ФОТО: Мисајловски Фејсбук