Руте: Веројатно претстои најтешката зима за Украина од почетокот на руската агресија
- Веројатно претстои најтешката зима за Украина откако Русија ја нападна во 2022 година, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте, на прес-конференција со премиерот на Црна Гора, Милојко Спаиќ, во седиштето на Алијансата во Брисел.
Брисел, 16 декември 2024 (МИА) - Веројатно претстои најтешката зима за Украина откако Русија ја нападна во 2022 година, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте, на прес-конференција со премиерот на Црна Гора, Милојко Спаиќ, во седиштето на Алијансата во Брисел.
Загрижени сме од состојбата на бојното поле. Русија напредува, иако постепено, - рече Руте. - Во последните недели сме сведоци на силни руски напади врз украинската инфраструктура, а жртви се и цивили. Украина итно има потреба од нашата помош. Треба да ги исполниме одлуките донесени претходно оваа година во таа насока, - додаде тој.
Инаку, Руте ја опиша стабилноста на Западен Балкан како „кревка“. Тој ја нагласи загриженоста поради зголемените кибернапади, дезинформации и политички мешања од страна на Русија.
- Русија сака да посее страв и да ја ослаби нашата поддршка за Украина, но нема да успее, потенцираше Руте. ссм/
фото: архива