• сабота, 23 ноември 2024

Руските системи за противвоздушна одбрана соборија 39 украински беспилотни летала

Руските системи за противвоздушна одбрана соборија 39 украински беспилотни летала

Москва, 29 јули 2024 (МИА) - Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија 39 украински беспилотни летала над руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 19 дронови од типот на авиони над Курск, девет над Белгород, три над Воронеж, пет над Брјанск и три над Ленинградската област“, ​​се наведува во соопштението.

Гувернерот на областа Воронеж, Александар Гушев, изјави дека над областа Острого е соборен дрон и дека неговите делови оштетиле јавен инфраструктурен објект во селото Газопровод. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан