• четврток, 26 декември 2024

Ружиќ - Царовска: Подобрување на научната и образовната соработка и образованието на националните малцинства

Ружиќ - Царовска: Подобрување на научната и образовната соработка и образованието на националните малцинства
Белград, 15 јуни 2021 (МИА) - Министерката за образование и наука на Северна Македонија, Мила Царовски и вицепремиерот на Владата на Србија и министер за образование, наука и технолошки развој, Бранко Ружиќ, денеска имаа средба во Белград на која разговарале за подобрување на научната и образовната соработка и образованието на националните малцинства, за чиј статус треба да продолжи дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград. На прес-конференцијата, двајцата министри посочија дека билатералните односи меѓу Србија и Северна Македонија се подобруваат, но и дека има простор за подобрување на соработката во областа на образованието и националните малцинства. Министерката Царовска на средбата со Ружиќ ја истакна важноста од дигитализацијата низ која поминуваат образовните системи на двете земји и се согласи дека програмите на европските фондови се важни и за Северна Македонија и за Србија. - Сметам дека двете држави се соочуваат речиси со исти предизвици во делот на унапредување на квалитетот на образованието.Сведоци сме дека пандемијата предизвика потреба за брза дигитализација и подготовка за идни вакви предизвици. Ако продолжиме да ја интензивираме нашата соработка, заеднички ќе можеме да учиме од нашите искуства и да градиме резистентни образовни системи. Наскоро ќе ја потпишеме нашата соработка, која ќе ги содржи сите оние идни програми преку кои ќе може да аплицираме во европските фондови, изјави Царовска на прес - конференцијата. Таа посочи дека има простор за подобрување на образовната и научната соработка и дека двете министерства веќе работат на новата програма за соработка за следниот период, соопштија од српското министерство за образование. Министерот Ружиќ посочи дека во интерес на двете земји е заеднички да се појават со стратешки проекти пред програмите на ЕУ, како што се Хоризонт, Еразмус и слично. -Нашата шанса се и регионалните иницијативи што можеме сами да ги дизајнираме и покренеме, со цел да го направиме целиот наш регион попривлечен за истражување, изјави министерот Ружиќ. об/цр

Остани поврзан