• недела, 28 јули 2024

Роуз Мекгоуан го објавува својот прв музички албум (видео)

Роуз Мекгоуан го објавува својот прв музички албум (видео)
Лос Анџелес, 22 април 2020 (МИА) - По дведецениска актерска и пејачка кариера Роуз Мекгоуан го најави својот прв музички албум, под наслов „Planet 9“. Албумот има осум песни. Ѕвездата на ТВ-серијата „Волшебнички“ и „Куќа на ужасот“ на режисерот Квентин Тарантино, инаку, и досега беше позната како музичарка, авторка обично на песни користени во филмовите каде што глумеше. - Кога бев мала, си создадов утописки свет во главата и го нареков „Планета 9“, изјави Мекгоуан. Во пресрет на задутрешното претставување на компилацијата, таа објави и кус видео преглед на материјалот.  си/ https://youtu.be/PDVhbZZh8t4

Остани поврзан