• сабота, 23 ноември 2024

Роналдо се уште има голема мотивација да игра за Португалија

Роналдо се уште има голема мотивација да игра за Португалија

Лисабон, 3 септември 2024 (МИА) - Португалецот Кристијано Роналдо во јануари ќе наполни 40 години, но сепак тврди дека има голема мотивација да игра за репрезентацијата на својата земја.

По Европското првенство во Германија се појави информација дека тоа ќе биде негов последен настап во дресот со националниот амблем, но тој во интервју за медиумите во својата земја тоа остро го демантираше.

- Во медиумите се појавија шпекулации дека повеќе нема да играм за репрезентацијата, но тоа не дојде од мене, бидејќи не ни помислував на тоа. Се уште имам голема мотивација да настапувам за мојата земја и едвај чекам повторно да го облечам дресот на Португалија, рече еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Првотимецот на Ал-Наср истакна дека неговите амбиции се секогаш највисоки и дека моментално сака да ја освои Лигата на нации со португалската репрезентација.

-Често се повторувам по ова прашање, но морам да кажам дека никогаш не правам долгорочни планови. Секогаш се трудам целосно да се фокусирам на првото нешто што ми следи, а тоа е во моментов Лигата на нации. Португалија има одличен тим и нашата главна цел е да го освоиме ова натпреварување. Веќе успеавме во тоа, па сакаме да го направиме тоа повторно, изјави Роналдо.

За потсетување, Португалија е во групата 1 од А-Дивизијата на Лигата на нациите, каде за ривали ќе и бидат селекциите на Хрватска, Шкотска и Полска. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан