• среда, 25 декември 2024

Ројс: Ја напуштив Германија затоа што не сакав да играм против Дортмунд

Ројс: Ја напуштив Германија затоа што не сакав да играм против Дортмунд

Лос Анџелес, 4 септември 2024 (МИА) - Фудбалерот на Л.А. Галакси, Марко Ројс изјави дека по разделбата со Борусија Дортмунд одлучил кариерата да ја продолжи во странство за да не мора да игра против својот поранешен клуб.

Ројс го носеше дресот на тимот од Вестфален од 2012 до 2024 година. Ројс за Дортмунд постигна 169 гола на 426 натпревари.

Во текот на пролетта беше објавено дека договорот нема да биде обновен, а Ројс се пресели во МЛС.

Ројс израсна во Борусија Дортмунд, а професионалната кариера ја започна во Рот Вајс Ален во 2007 година. Тој се пресели во Борусија Менхенгладбах во 2009 година. Оттаму се врати во истоимениот тим од неговиот роден град.

-Ја напуштив Бундеслигата поради поврзаноста со Дортмунд. Не можев одеднаш да настапам за друг клуб и да играм против Борусија. Исто така, тоа беше последна можност за мене да направам голема промена во текот на кариерата и да доживеам авантура. Вистина е дека имав понуди од други бундеслигаши. Веднаш ги одбив сите бидејќи веќе решив дека ми треба промена. Пред да дојдам во САД имаше понуди од Саудиска Арабија. Истражував за таа земја, а потоа добив понуда од Галакси на која не можев да одолеам, изјави поранешниот германски репрезентативец. дс

Фото: Фејсбук/Лос Анџелес Галакси

Остани поврзан