• недела, 24 ноември 2024

Рома има намера да го продолжи договорот со Пелегрини

Рома има намера да го продолжи договорот со Пелегрини
Рим, 15 јули 2020 (МИА) - Рома планира да го задржи играчот од средниот ред Лоренцо Пелегрини, објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука Ди Марцио. Според добро упатениот во италијанскиот фудбал, управата на клубот од Рим ќе преговара за нов договор со 24-годишниот играч кој не е против продолжување на соработката со Рома. Досегашниот договор на Пелегрини кој важи до крајот на јуни 2022 година, предвидува клаузула за обесштетување во износ од 30 милиони евра при предвремен раскин. За фудбалерот се заинтересирани за Евертон и ПСЖ. Во сезоната 2019/20, Пелегрини одигра 29 натпревари за Рома, постигна три гола и направи 12 асистенции. зс/

Остани поврзан