Романо: Аморим фаворит за замена на Клоп
- Фабрицио Романо продолжува да тврди дека шефот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим е чекор понапред од останатите претенденти за функцијата менаџер на Ливерпул.
![Романо: Аморим фаворит за замена на Клоп](https://new.mia.mk/index.php/images/20240401155628_big_730x400_2.webp )
Лисабон, 1 април 2024 (МИА) - Фабрицио Романо продолжува да тврди дека шефот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим е чекор понапред од останатите претенденти за функцијата менаџер на Ливерпул.
Јирген Клоп ја пофали работата на Роберто Де Зерби по неделната победа од 2:1 над Брајтон, но тоа е далеку од тоа дека Италијанецот ќе го наследи на „Енфилд“.
Според Романо, Ливерпул ќе се одлучи токму Аморим откако стана јасно дека Чаби Алонсо и следната сезона ќе остане во Баер Леверкузен.
Спортинг моментално води во поредокот на Португалија, имајќи бод предност и натпревар помалку пред второпласираната Бенфика. дс
Фото: Архива