• недела, 24 ноември 2024

РК Еурофарм Пелистер апелира за фер и коректно спортско навивање на вечерашниот натпревар со РК Вардар 1961

РК Еурофарм Пелистер апелира за фер и коректно спортско навивање на вечерашниот натпревар со РК Вардар 1961

Битола, 22 октомври 2023 (МИА) - Во пресрет на првенствениот ракометен натпревар меѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961, управата на клубот апелира сите кои ќе бидат во спортската сала „Боро Чурлевски“, со своето фер и коректно спортско навивање да придонесат натпреварот да се одигра во спортска и фер атмосфера.

РК Еурофарм Пелистер со соопштение до спортската јавност бара да не се реагира недостојно на евентуални провокации и однапред смислени можни сценарија.

-Како клуб ги превзедовме сите организациони мерки за квалитетно и непречено одигрување на натпреварот. Денес ние сите заедно играчи, стручен штаб, управа и навивачи, на терен треба да покажеме кој е македонскиот ракометен шампион и која е најдобрата публика на светот. Затоа сите заедно, спортски, фер и коректно да извојуваме една голема победа на нашиот клуб, соопштија од РК Еурофарм Пелистер.

Како што е познато, деновиве РК Вардар 1961 побара од натпреварувачката комисија на РСМ да го одложи натпреварот заради вироза кај поголем број скопски ракометари, но битолчани согласно пропозициите за натпревари во ракометната Супер лига (член 13, став 5 од Правилникот), не прифатија одлагање на вечерашната средба што почнува во 18 часот. мт/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан