• сабота, 23 ноември 2024

Рестриктивните мерки за граѓаните на Израел остануваат во сила до утревечер

Рестриктивните мерки за граѓаните на Израел остануваат во сила до утревечер

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Командата на домашниот фронт на израелските безбедносни сили (ИДФ) соопшти дека ограничувањата за граѓаните издадени пред синоќешниот ирански напад со ракети и беспилотни летала ќе останат во сила до утре во 23 часот.

- По процена на ситуацијата, одбранбените насоки на Командата на домашниот фронт остануваат непроменети и важат, се наведува во соопштението.

Насоките забрануваат образовни активности на национално ниво и ги ограничуваат собирите на 1.000 луѓе. Во некои области во близина на границите на Појасот Газа и Либан, веќе постојат построги ограничувања за собирање. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан