• недела, 28 јули 2024

Рекордни 76,5 милиони долари награден фонд на Австралија опен 

Рекордни 76,5 милиони долари награден фонд на Австралија опен 

Мелбрун, 29 декември 2022 (МИА) - Висината на наградниот фонд на Австралија опен во 2023 година ќе биде рекордна, објави официјалниот сајт на турнирот. Вкупниот награден фонд ќе биде 76,5 милиони долари.  

Сумата е зголемена за 3,4 отсто во однос на лани.  

Шампионите во женски и машки сингл ќе заработат по 2,975 милиони долари.  

Победниците во машки двојки ќе добијат 695 илјади долари за двајца, исто толку ќе добијат и жените.  

Шампионите во мешани двојки ќе заработат 157.750 долари. 

Австралија опен ќе се одржи од 16 до 29 јануари 2023 година во Мелбурн. зс/

Остани поврзан