• среда, 13 ноември 2024

Реката Уна - природен бисер на БиХ

Реката Уна - природен бисер на БиХ
Бихаќ, 7 февруари 2022 (МИА) - Реката Уна е еден од природните убавини на Босна и Херцеговина. А, иако туристите најчесто ја посетуваат лете, сепак, и при ниските температури и зимските врнежи нејзината убавина повторно доаѓа до полн израз. Додека водата сѐ уште е во препознатливите тиркизни нијанси, околните дрвја и природната средина се целосно покриени со снег, што генерира идилични сцени. Реката Уна е меѓу најпрочуените природни бисери на БиХ, па списанието „Тајмаут“ (TimeOut) кон крајот на минатата година ја прогласи за најубава река во земјата. Гласилото вообичаено ги претставува европските градови кои се идеални за кусо патување, па меѓу нив, на 11-тото место, се најде и Бихаќ, што меѓу другите, исто така се наоѓа на реката. си/сд/

Остани поврзан