„Ред Бул“ ја разгледува можноста да го купи Торино
- Компанијата „Ред Бул“ ја проучува можноста да го купи италијанскиот клуб Торино, откако пред извесно време стана спонзор на клубот, информира италијанскиот весник „Ла Стампа“.
Торино, 29 октомври 2024 (МИА) - Компанијата „Ред Бул“ ја проучува можноста да го купи италијанскиот клуб Торино, откако пред извесно време стана спонзор на клубот, информира италијанскиот весник „Ла Стампа“.
Се вели дека „биковите“ прво треба повторно да преговараат за закупот на нивниот стадион за следната сезона. Ваквиот потег би се протолкувал како зелено светло од компанијата за енергетски пијалоци.
Торино има одредени финансиски потешкотии и затоа го продаде италијанскиот интернационалец Раул Беланова на Аталанта за 25 милиони евра. Сопственикот на тимот, Урбано Каиро не е особено ентузијаст за иднината на клубот, додава изворот.
Според информациите, сепак торинскиот тим ќе биде следниот клуб во портфолиото на „Ред Бул“. Компанијата поседува тимови од Германија, Австрија, Бразил, Англија и други земји. дс
Фото: Фејсбук/ФК Торино