• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Реал неколку недели без повредениот Себаљос

Реал неколку недели без повредениот Себаљос

 

Мадрид, 27 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, ќе биде надвор од терените неколку недели откако денеска му беше дијагностицирана повреда на мускулот и тетивата во задниот дел на левата нога.

Давесетиосумгодишниот играч од средниот ред се повреди во средата вечер за време на победата на гости против Реал Сосиедад (1:0), во првиот натпревар од полуфиналето на шпанскиот Куп на Кралот.

Од мадридскиот клуб соопштија дека се проценува неговиот период на опоравување, а шпанските медиуми пренесуваат дека тој би можел да паузира до два месеци.

По 25 одиграни натпревари, Реал Мадрид е на второто место на табелата во Примера со 54 бодови, исто толку колку и првопласираната Барселона.

Следниот натпревар Реал Мадрид го игра во Севиља против Бетис, додека на 4 март ќе му гостува на Атлетико Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони. ег

Остани поврзан