• среда, 27 ноември 2024

Реакција од ЈСП на обвинувањата на Попов, советник од СДСМ во Советот на Град Скопје

Реакција од ЈСП на обвинувањата на Попов, советник од СДСМ во Советот на Град Скопје
Скопје, 9 јануари 2022 СДСМ има најмалку право да зборува за проектите на ЈСП, претпријатие коешто стана еден од најголемите загубари изминативе четири години. Претпријатието е водено несовесно од претходното раководство и поради тоа се наоѓа во толку лоша состојба. ЈСП ќе стане вистински сервис на граѓаните, бесплатниот превоз е реалност што ќе се спроведе. Во интерес на јавноста е да се објасни дека превозот не се поскапува, туку се воведува нова услуга. Станува збор за билет за повеќекратно користење во текот на денот што значи поевтинување на превозот за оние кои имаат потреба од негово користење. Новото раководство на ЈСП Скопје ќе продолжи да применува проекти во интерес на корисниците на јавниот превоз, користејќи ги сите расположливи ресури и капацитети на претпријатието. ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ ———————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан