• среда, 25 декември 2024

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на соопштението од ДУИ

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на соопштението од ДУИ

Скопје, 29 ноември 2024

 

ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор. Така владееја над 20 години. ДУИ треба да знае дека СДС не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот ќе одговараат. Ниту ДУИ ниту Ахмети не се над законот.

Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме кукавичко сценарио за етнички поделби и конфликти. Ќе загубите и овој пат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан