• вторник, 12 ноември 2024

Реакција на СДСМ на изјавата на Марија Митева

Реакција на СДСМ на изјавата на Марија Митева

Скопје, 9 јуни 2024

Само еден месец по парламентарните избори, јасно е дека ДПМНЕ го излажа народот.

Ветуваа ефикасна и намалена јавна администрација, а шверцерски, по итна постапка, без анализа и буџетски импликации, среде ноќ, донесоа закон за зголемување на бројот на министерствата.

Митева и 77-те послушници на Мицкоски имаа можност да зборуваат, ама молчеа, немаа што да кажат.

Можеа да кажат дали се пудлици седнати во скутот на ДУИ?

Што и да зборува сега Митева, колку небулози да шири, не може да го пренебрегне фактот дека е лажливка, дека заедно со колегите лажговци од ДПМНЕ, го излажа народот -  едно зборуваа пред избори, а друго прават сега.

Според Мицкоски ништо во политиката не е случајно, па така кампањата на ДПМНЕ против ДУИ се претвори во политички пазар. 

Ветуваа подобри договори и јака меѓународна политика, а веќе отворија кавги со соседите.

Ветуваа ќе ја намалат задолженоста, а уште неседнати во фотелјите најавуваат земање кредит од милијарда евра.

Сметките за нивните лаги допрва ќе дојдат за наплата, кај граѓаните и државата.

ДПМНЕ гордо ги предаде граѓаните, ја изневери довербата на народот.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки 

Остани поврзан