• среда, 13 ноември 2024

Реакција на ДУИ на обвинувањата од коалицијата Влен

Реакција на ДУИ на обвинувањата од коалицијата Влен

Скопје, 20 јули 2024

Коалицијата од губитнички албански партии, наместо да одговараат за предавството, секојдневните лаги, катастрофалните неуспеси, сервилноста и неспособноста, продолжуваат без срам со клеветнички и неосновани соопштенија за да го покријат најголемото предавство кон албанскиот народ во историјата на оваа земја.  

Демократската унија за интеграција сака да ја информира јавноста за вистината околу овие партии кои ги изгубија изборите и сега делуваат како вазали и слуги на интересите на другите за да го понижат албанскиот народ. 

ДУИ отсекогаш ги бранеше интересите на Албанците и промовираше високи морални и етички вредности во политиката. За разлика од нас, лидерите на овие партии се синоним за корупција и предавство. 

Сите тие биле наши коалициски партнери или дел од нас, од првиот до последниот. 

Фактите се јасни и јасно сведочат за нивните бројни злоупотреби на власта: 

Изет Меџити: Познат по масовна корупција и добивање станови во секоја нелегална зграда во Чаир, незаконските градби и узурпации како и именувањето на своите роднини на раководни позиции во државните институции. Ова јасно покажува како непотизмот и корупцијата доминирале во неговите политики. 

Арбен Таравари: Шемите на корупција во времето кога беше градоначалник на Гостивар се познати на сите, но и како министер, вклучувајќи ја позитивната листа на лекови, апаратите и опремата, планираните паркинзи, како и секој друг тендер во здравството, вклучителни и “подарените” куќи во Гостивар и Скопје. Тој манипулираше и присвојуваше јавни фондови за лични интереси, уништувајќи ја довербата на граѓаните на Гостивар и здравството во земјата. 

Билал Касами: Сè што тој допре, се поврзува со корупција. Проекти без буџет, плати кои не ги исплатил, работи без проекти и дозволи, рекетирање на бизнисите во Тетово, се само некои од неговите афери кои сведочат за неговата непрекината корупција. 

ВЛЕН е синоним за коруптивни коалиции и предавство на интересите на Албанците. Граѓаните треба да бидат свесни за вистината и да не потпаѓаат на нивните манипулации и клевети.

ДУИ останува посветена на борбата против секоја форма на корупција и на заштитата на интересите на граѓаните со транспарентност и интегритет. 

Ние ќе продолжиме да работиме за праведно и чесно општество, заштитувајќи ги интересите на Албанците и градејќи подобра иднина за сите.

Демократска унија за интеграција

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан