• среда, 27 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Дарко Каевски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Дарко Каевски

Скопје, 16 февруари 2024

Каевски да не глуми загрижен, нека го поддржи законот за продолжување на важноста на пасошите, затоа што заради СДС народот е заглавен.

Едноставно е да се надмине проблемот кој СДС го создаде, потребно е нивните пратеници да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се продолжи важењето на пасошите.

СДС ја остави МВР без обрасци.

СДС 2 ипол години издаваа пасоши за кои знаеја дека нема да важат по 12 февруари.

СДС ја создаде гужвата по полициски станици.

СДС со години ги спуштаат стандардите на услугите кои треба да ги пружат институциите.

Граѓаните со право велат дека немаме држава. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан