• недела, 24 ноември 2024

Расчистени две кривични дела, сторителите пронајдени и приведени

Расчистени две кривични дела, сторителите пронајдени и приведени

Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) - Во Скопје вчера во 16.00 часот на ул.„Радушка“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(39) од Скопје.

Како што соопштија денеска од МВР, тој се сомничи дека на подрачјето на Центар одзел патничко возило „фиат мултипла“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ѓ.(65) од Скопје, по што во 14.35 часот на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ го напуштил местото на сообраќајна незгода во која учествувал со возило „фолксваген голф“. Тој бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

Службен разговор во полициска станица бил извршен и со К.Ѓ., затоа што по преземени мерки било утврдено дека на возилото „фиат мултипла“ биле поставени регистарски таблички од друго возило. Во разговорот К.Ѓ. признал дека возилото го управувал со таблички од друго возило, затоа што неговите му биле одземени од полициски службеници од ОВР Гостивар, бидејќи возилото го управувал нерегистрирано.

За настаните бил запознаен јавен обвинител и по нивно целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 242 и член 378 од Кривичниот законик. цр/

фото:МИА арахива

Остани поврзан