• недела, 24 ноември 2024

Расчистени градските гробишта во Куманово, поставени „ѕвона“ за складирање стакло

Расчистени градските гробишта во Куманово, поставени „ѕвона“ за складирање стакло
Куманово, 21 септември 2022 (МИА) - Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ Куманово продолжува со чистењето на градските гробишта, соопштија денеска надлежните. Од претпријатието наведуваат дека покрај расчистувањето на секаков вид на смет на градските гробишта, поставени се нови контејнери. Темелната акција за расчистување се спроведува по реакција на граѓаните кои бараа целосно расчистување на гробиштата. - Покрај чистењето на гробиштата од секаков вид на смет, од утре планирано е расчистување на „дивите“ депонии низ градот. И повторно апелираме граѓаните совесно да се однесуваат, изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски.                                           Надлежните посочија дека на повеќе локации во градот поставени се таканаречените контејнери „ѕвона“ кои се наменети за селектирање на стакло. Вакви контејнери поставени се на „Народна Револуција“, „Тоде Думба“, „Индустриска“ улицата „11 Ноември“ во населбата Бедиње, в населбата „Иго Тричковиќ“, кај градскиот базен, на влезто од Куманово на бензинска пумпа. -Во текот на оваа година имаме складирано околу 30.000 килограми селектирано стакло, што ќе биде предадено на соодветен правен субјект за понатамошно рециклирање, изјави Стојчевски. ам/ев/  

Остани поврзан