• среда, 25 декември 2024

Рамос сака да игра на Еуро 2024

Рамос сака да игра на Еуро 2024

Мадрид, 26 октомври 2023 (МИА) - Дефанзивецот на Севилја, Серхио Рамос призна дека би можел да се врати во шпанската репрезентација, пренесува „ITASportPress“.

Според италијанскиот спортски портал, фудбалерот сонува да се врати во националниот тим. И до Евро 2024 може да ја продолжи кариерата во националниот тим.

Во февруари 37-годишниот фудбалер објави дека се повлекува од националниот тим. Тој го држи рекордот по бројот на настапи за шпанската репрезентација (180 натпревари).

Рамос со Шпанија стана светски шампион и двократен европски шампион. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан