• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Атлетико заинтересиран за Дарвин Нунес

Атлетико заинтересиран за Дарвин Нунес

Ливерпул, 18 март 2025 (МИА) - Атлетико Мадрид подготвува понуда за напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нунес, тврди новинарот Бен Џејкобс, кој е еден од најреномираните новинари на Островот.

Се верува дека „црвените“ не сакаат Уругваецот да биде дел од нивниот тим следната сезона и ќе бараат друг фудбалер да го предводи нападот.

Понудата која шпанскиот тим е подготвен да ја направи е во висина од 30-35 милиони евра, што делува крајно недоволно за сумата што ја бара Ливерпул. „Црвените“ знаат дека за Нунес има сериозен интерес од Саудиска Арабија и сигурно ќе бараат најмалку 50 милиони евра за својот напаѓач.

Се уште нема официјални преговори, но изгледа дека кариерата на Дарвин Нунес во Ливерпул е при крај. дс

Фото: Архива

Остани поврзан