• среда, 25 декември 2024

Ракитиќ: Сакам да размислувам за Барселона, но никогаш не ја затворив вратата за голема шанса

Ракитиќ: Сакам да размислувам за Барселона, но никогаш не ја затворив вратата за голема шанса
Барселона, 19 мај 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ зборуваше за својата иднина. - Кога потпишувате договор, секогаш размислувате да го исполните до крај. Сакам да играм, но сега се чувствувам смирено. Би сакал некој од клубот да излезе од сенките и да рече дека Ракитиќ останува, да ги запре овие гласини. Но, Бартомеу не ми рече ништо. Можеби денес тој ќе го слушне моето интервју и ќе ми се јави утре, изјави Ракитиќ. Хрватот не исклучува опција да замине во друг клуб. - Не ме загрижува ако Лаутаро дојде. Сакам да размислувам за Барса, но никогаш не ја затворив вратата за голема шанса, изјави Ракитиќ. Порано или подоцна моето семејство ќе живее во Севиља. Јас сум скоро сигурен во тоа, уверува хрватскиот фудбалер. зс/

Остани поврзан