• среда, 13 ноември 2024

Ракитиќ не сака да си оди од Барселона никаде, освен во Севиља

Ракитиќ не сака да си оди од Барселона никаде, освен во Севиља
Барселона, 30 април 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ нема да го напушти каталонскиот тим, пренесува „Sport.es“. Според изворот, единствениот тим на кој 32-годишниот хрватски фудбалер е подготвен да се приклучи е Севиља, за која играше од 2011 до 2014 година. Во сезоната 2019/20, Ракитиќ помина 31 натпревар за Барселона и оствари четири асистенции. Неговиот договор истекува на 30 јуни 2021 година. зс/

Остани поврзан