• среда, 25 декември 2024

Разговор со уметникот Гоце Наневски во КСП „Центар Јадро“

Разговор со уметникот Гоце Наневски  во КСП „Центар Јадро“

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ вечер ќе се одржи разговор со македонскиот уметник Гоце Наневски. Изборот на авторот и разговорот е реализиран и модериран од историчарката на уметност и кураторка Ана Франговска.

Гоце Наневски е роден во 1974 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на отсекот скулптура на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје. Вработен е на ФЛУ Скопје како редовен професор на Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики. Од 2012 до 2016 година ја извршувал функцијата продекан за настава, а од 2023 година продекан за финансии.

Неговите уметнички интереси вклучуваат широки интердисциплинарни истражувања во морфологијата на скулптурата, инсталацијата, објектот и скулптурата во големи размери, кинетиката, звукот, амбиентот, фотографијата, перформансот и видео уметноста. Автор е и на колаборативни дела кои опфаќаат разновидни искуства и сознанија од повеќе дисциплини, преплетувајќи ги уметничките проседеа со оние на политиката, социологијата, антропологијата, механиката, електрониката, звукот и перформансот.

Досега имал самостојни изложби во: Сараево, Кавадарци, Прилеп, Скопје, Њујорк, Цетиње, Бања Лука, Венеција, (53. Венециско биенале, „Создавање светови“, со проектот „Педесет или Педесет“), Никшиќ, Пловдив, Велес. Учествувал на групни изложби во: Кавадарци, Скопје, Кошице, Битола, Приштина, Торино, Лисабон, Сараево, Цетиње, Баку, Минхен, Загреб, Каиро, Њујорк, Брисел...

Во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ утревечер ќе се одржи разговор со Вана Урошевиќ (1961, Скопје), современa македонска ликовна уметница, која дејствува на полето на новите визуелни истражувања, при што користи несекојдневни материјали и техники. мд/вг/

Фото: Културно-социјален простор „Центар-Јадро“

Остани поврзан