• недела, 28 јули 2024

Раб: Хакерски напади врз државни и меѓународни организации

Раб: Хакерски напади врз државни и меѓународни организации
Лондон, 5 мај 2020 (МИА) - Софистицирани хакерски мрежи вршат кибер напади врз државни и меѓународни организации кои реагираат на пандемијата на коронавирусот, предупреди денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб. - Постојат различни цели и мотивации кои стојат зад овие напади, од измами, од една страна, до шпионажи, но имаат тенденција да крадат огромно количество лични податоци, интелектуален имот и широки информации, кои ги поддржуваат тие цели, истакна Раб на прес-конференција. Шефот на британската дипломатија нагласи дека кибер нападите често се поврзани со други државни актери, и изрази очекување дека вакво „предаторско криминално однесување“ може да продолжи и да се развива во следните недели и месеци. Тој додаде дека Велика Британија презема низа мерки за спречување на таквите закани. гт/

Остани поврзан