• среда, 13 ноември 2024

Работна средба на градоначалникот Пецаков со членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците при Собранието на Република Северна Македонија

Работна средба на градоначалникот Пецаков со членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците при Собранието на Република Северна Македонија

Охрид, 17 март 2023 (МИА) - Членови на Комитетот за односи меѓу заедниците при Собранието на Република Северна Македонија денеска престојуваа во работна посета на Општина Охрид, каде имаа средба со градоначалникот, Кирил Пецаков и претседателот на Советот на Општината, Сашо Донев.

- Тука сме за да разговараме со претставниците на Општина Охрид околу можната инцијатива за формирање комисија за односи меѓу заедниците, се разбира врз добра волја оттаму што тоа не е законска обврска на општините, рече Армана Пашоли, претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието на РСМ.

На средбата членовите на Комитетот се запознаа со начинот на кој општината се справува со предизвиците во соживотот меѓу различните заедници што ги има во Охрид. аб/ац/ 

 

 

Остани поврзан