Работилница на тема ,,Менталното здравје на работното место" во Делчево
- Општинската организација на Црвен крст од Делчево денес организираше работилница на тема ,,Менталното здравје на работното место". Активноста се реализираше во соработка со вработените во библиотеката ,,Илинден" и Општина Делчево.
Делчево, 10 октомври 2024 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст од Делчево денес организираше работилница на тема ,,Менталното здравје на работното место". Активноста се реализираше во соработка со вработените во библиотеката ,,Илинден" и Општина Делчево.
- Оваа година ја одбравме темата Менталното здравје на работното место во соработка со вработените во библиотеката и општината имаме работилница на оваа тема со Ирена Димитровска Ангеловска со цел да се подигне свеста за Менталното здравје на работното место и во секојдневниот живот, информираше организациониот секретар на Црвен крст Делчево, Ивана Ангеловски.
Работилницата ја водеше м-р социолог Ирена Димитровска Ангеловска која рече дека акцент на настанот бил ставен на справувањето со несакани стресни ситуации на работното место.
- Особено обрнавме внимание на грижата за Менталното здравје со акцент на благосостојбата, со цел вработените да работат во едни поопуштени услови каде нема да се предизвикуваат одредени стресови и анксиозности. Тука некој кој е најбитен е работодавачот кој треба да помогне да се надмине и обезбеди благосостојба преку едни картички кои ги има подготвенио Црвениот крст, истакна Димитровска Ангеловска.
Во рамки на работилницата акцент беше ставен и на одредени методи и техники за свесното надминување на проблемите на работното место
- Целта беша да ги упатиме како да се чувствуваат посмирено при таква ситуација, како да ги редуцираат нивните емоции при време на работа. Тука би кажала дека нешто што е најважно е особено да се обрне внимание на тоа да не биде стигма и особено се обрне внимание ,,како сум јас дене"с и да му се пружи поддршка на секој еден вработен во одредена установа, додаде Димитровска Ангеловска.
Во рамки на одбележувањето на Светската недела на на Менталното здравје слична работилница беше одржана и со пензионерите од Делчево кои во просториите на Клубот на пензионери во Делчево имаа можност да добијат и бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта. вс/
Фото: МИА