• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Работен состанок во Куманово за постапказа отстранување на отпадните возила од јавните површини

Работен состанок во Куманово за постапказа отстранување на отпадните возила од јавните површини

Куманово, 27 февруари 2025 (МИА) - Претставници од повеќе сектори од општина Куманово, од СВР Куманово и од оператори за управување со отпад на денешниот состанок во општина Куманово разговараа за конкретни чекори и за забрзување на постапката за отстранување и дислокација на хаварисани возила информираа денеска надлежните.

Целта на координативната средба е да се дефинираат конкретни чекори кои треба да ги преземат сите субјекти одговорни за процес на дислокација на хаварисаните возила. На средбата присуствуваа претставници од општината, советот, сектор за комунални дејности, сектор за инспекциски надзор, од ЈП „Куманово Паркинг“, СВР Куманово, фирма за колективни постапувачи со кои општината склучила договор за извршување активности и мерки поврзани со процесот на отстранување на отпадните возила.

-Во периодот што следи од страна на Сектор за инспекциски работи ќе се лепат опомени со глоби за сопствениците и ќе се постапува според Закон за управување на посебни текови на отпад, информираше претседателката на советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

Првично општина Куманово воведе можност за бесплатно отстранување на хаварисаните возила на подрачјето на општината во октомври, лани. По истекот на акцијата за бесплатен транспорт на хаварисаните возила, задолжените служби ќе почнат со отстранување на возилата кои со години зафаќаат простор на тротоарите. Во Куманово скоро и да немаше никаков интерес за бесплатно отстранување на возилата. За време на акцијата се пријави само еден сопственик на хаварисано возило.

Според првичните информации од комуналните инспектори, само во централното градско подрачје во Општина Куманово има седумдесетина автомобили кои со години стојат на иста површина и ги зафаќаат тротоарите. ам/са/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан