• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитувањата направени на 203 примероци земени од 47 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 17 до 21 март зема 203 примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во денешното соопштение од ЈП „Водовод и канализација“. дма/са/

Фото: ЈП „Водовод и канализација

 

Остани поврзан