• четврток, 19 декември 2024

Пјаниќ би можел да ги следи Толисо и Лаказет за да се врати во Лион

Пјаниќ би можел да ги следи Толисо и Лаказет за да се врати во Лион
Париз, 7 јули 2022 (МИА) – Францускиот фудбалски прволигаш Лион е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ, објави „RMC sport“. Претходно, босанскиот фудбалер веќе играше за Лион од 2008 до 2011 година. Актуелниот договор на Пјаниќ со Барселона е до 2024 година. Порталот „Трансфермаркт“ го проценува играчот од средниот ред на 11,5 милиони евра. Пјаниќ минатата сезона играше за Бешикташ како позајмен играч. Настапи на 26 натпревари и имаше четири асистенции. За потсетување, летово Лион ги врати во тимот двајцата поранешни играчи, Александре Лаказет и Корентин Толисо. зс/

Остани поврзан