• петок, 08 ноември 2024

Путин од Владата побара програма за промоција на „традиционалните руски вредности“ во светот

Путин од Владата побара програма за промоција на „традиционалните руски вредности“ во светот

Москва, 6 август 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја повика владата да развие програма за промовирање на „традиционалните руски духовни и морални вредности“ во странство.

На веб-страницата на Кремљ беше објавено соопштение дека Путин им наредил на функционерите одговорни за националните проекти да одвојат неодреден износ на пари за програмата наречена „Русија во странство“. Програмата ќе има за цел „да ја развие меѓународната младинска соработка и да ги промовира традиционалните руски духовни и морални вредности во странство“, се наведува во наредбата.

Наредбата не ги прецизира вредностите што треба да се промовираат.

Минатата година, рускиот Врховен суд го забрани таканареченото „меѓународно ЛГБТ движење“ како екстремистичко. Некои Руси оттогаш беа затворени или казнети поради прикажување на ЛГБТ материјал. паг/

Фото: МИА архива

 


 
 

 

Остани поврзан