• среда, 18 декември 2024

Путин назначи нов командант на руските сили во Донбас

Путин назначи нов командант на руските сили во Донбас

Москва, 14 декември 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин го назначил генерал-полковникот Андреј Иванајев за нов командант на здружената група Восток, која ја предводи офанзивата на руските сили во источниот украински регион Донбас, објавија руски и украински медиуми.

Популарниот украински воен Телеграм канал Country Politics, кој има повеќе од 290.000 корисници, објави дека Иванајев е назначен за командант, што сугерира дека одлуката е поврзана со посетата на рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов на регионот.

Во текот на изминатата година, руските сили постигнаа напредок во Донбас, кој Русија формално го анектираше во септември 2022 година, иако руските трупи се уште целоано не ја контролираат територија на регионот.

Каналот Country Politics, кој се повикува на руски извори, тврди дека Иванајев е назначен за нов командант на 26 ноември.

Рускиот државен медиум РИА Новости потврди дека Иванајев сега е командант на групата Восток. Во изминатиот месец, единиците на групата ослободија седум населени места и презедоа контрола на површина од повеќе од 300 квадратни километри.са/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан