• недела, 28 јули 2024

Путин во среда ќе учествува на виртуелниот самит на Г20

Путин во среда ќе учествува на виртуелниот самит на Г20

Москва, 19 ноември 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин, кој го прескокна состанокот на лидерите на Г-20 во септември во Индија, ќе учествува преку видео врска на виртуелниот самит на Групата закажан за среда.

“Владимир Путин ќе учествува на виртуелниот самит на Г20“, објави денеска руската државна телевизија.

Не е прецизирано во кој формат рускиот лидер ќе учествува на состанокот на водечките светски економии. паг/

Фото: МИА архива


  
 

 

Остани поврзан