• недела, 17 ноември 2024

Протест на малезиската опозиција поради затворање на Парламентот

Протест на малезиската опозиција поради затворање на Парламентот
Куала Лумпур, 2 август 2021 (МИА) - Лидерите на малезиската опозиција денеска протестираа поради затворањето на Парламентот и побараа оставка од премиерот Мујхидин Јасин, обвинувајќи го дека под изговор да спречи ширење на Ковид-19 помеѓу пратениците избегнал гласање за доверба на Владата. Денешната седница на Парламентот беше откажана било пријавено дека дел од вработените во законодавниот дом се инфицирани со Ковид-19. Опозицијата го обвини Јасин дека ја искористил ситуацијата за да избегне одлучувачко гласање. Десетина пратеници протестираа во близина на Парламенто, барајќи оставка од Владата. Седницата на Парламентот, која започна минатата недела, е прва во годината по суспензијата поради воведената вонредната состојба поради пандемијата. Малезискиот крал Абдула на 29 јули ја критикуваше Владата поради вонредната состојба. Опозицијата веднаш побара гласање доверба на Владата, што требаше да се одржи денеска. ми/

Остани поврзан