• среда, 25 декември 2024

Прославата на 2 Август со повици за обединување и продлжување на евроинтеграциите

Прославата на 2 Август со повици за обединување и продлжување на евроинтеграциите

Скопје, 3 август 2023 (МИА) - Пораки за обединување, реформи и носење државнички одлуки за продолжување на европскиот пат на државата,  како континуитет на аманетот на илинденците и асномците упати државниот врв вчера на одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

- Со сегашното темпо на иселување, постои реална опасност многу бргу да ја достигнеме критичната демографска точка по која нема враќање. Доколку веднаш не му се застане на патот на овој опасе

Претседателот Стево Пендаровски посочи на важноста од итно почнување на преговорите со ЕУ и спроведување на реформите, што, како што истакна, ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес - да ги мотивираме младите да останат во државава.

-Да ги надминеме разликите, да се сплотиме околу итно започнување на преговорите, во спротивно ќе ги изгубиме младите кои се иселуваат. Потребни ни се европски реформи, кои ќе помогнат да го оствариме виталниот национален интерес, да ги мотивираме младите да останат во државава, порача Пендаровски, на одбележувањето во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, што се одржа во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. 

Пендаровски посочи дека младите беа вистинските двигатели на двата Илиндена, клучни за трансформациите во државата, но оти денес се загрозено малцинство.

-Со сегашното темпо на иселување, постои реална опасност многу бргу да ја достигнеме критичната демографска точка по која нема враќање. Доколку веднаш не му се застане на патот на овој опасен тренд и истиот не се успори со посветени политики и конкретна, во пракса реализирана стратегија за младите, нас нè очекува многу полоша иднина од онаа која во моментов ја антиципираме, рече Пендаровски.

Тој го посети и манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на АСНОМ, а беше пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ. По билатералната средба Пендаровски упати благодарност за можноста на ова место да се оддаде почит изразувајќи надеж дека тоа ќе биде добра традиција, која нема да се прекинува од политички, црковни или кои било други причини.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак,  истакна дека одлучноста и обединувачкиот дух на Илинден 1903 и на АСНОМ 1944, но и цврстата верба, истрајноста и упорноста со кои е создадено огништето на нашата татковина, денес се нашиот патоказ кон иднината.

И денес, порача премиерот, Републиката има потреба од нова државничка одлука на денешната генерација народни избраници, со што државата и граѓаните ќе продолжат по зацртаниот пат на напредокот.

-И денес е потребно да се свртиме кон аманетот кој ни го имаат оставено илинденците и асномците. Иако порано историјата го оценувала кревањето на Илинденското востание како преурането, денес на него се гледа како неминовно и неопходно. Благодарение на тоа, ние денес имаме своја држава, единствена, македонска држава. Наше огниште, нагласи Ковачевски во обраќањето пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа” на тврдина Кале во Скопје по повод одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката. 

Како што нагласи,  Владата постапила по аманетот на илинденските и асномците, дека правата се штитат на рамноправен терен.  - Седнати на иста маса заедно со останатите европски земји и светски сили. И сите кои во следниот период ќе носат важни одлуки за граѓаните и државата, треба да постапат по истиот аманет.  Дали ќе ја следиме визијата и храброста на илинденците и асномците и ќе градиме европска држава, интегрирана во големотот европско семејство, или пак ќе останеме сами и изолирани, е само наша одлука. Секој кој сака да се повикува на патриотизмот во претстојните одлуки кои треба да обезбедат континуитет на прогресот, поставен со Илинден и АСНОМ, нека погледне длабоко во себе и нека погледне добро пред себе.. Илинден и АСНОМ ги одликува одлучност, а не откажување. Затоа што само откажувањето е пораз. Одлучноста е победа, бидејки е заснована на верба, порача премиерот.

На централното чествување на Илинден на Мечкин Камен претседателот на Собранието Талат Џафери порача дека европската идеја од пред 120 години од Крушевскиот манифест за слобода, обединување и просперитет е веќе на дофат.

-Сега, како што ви е, верувам, познато, Република Северна Македонија, граѓаните и во прв ред политичките фактори во земјата се пред уште една голема и одлучувачка одлука. Дали ќе продолжиме напред кон евроатлантското интегрирање на земјата, нешто за што сме се определиле како држава уште од осамостојувањето во 1991 година или ќе заглавиме на слепиот балкански колосек кој нѐ не води никаде, е избор што треба да се донесе со надминување на хировите, согледување на реалноста и излегување од тесните и себични партиски интереси кои ветуваат некаква друга иднина која и за најголемите оптимисти е нереална фатаморгана, рече Џафери кој се обрати на централното чествување на празникот на Мечкин Камен.

Европската идеја од пред 120 години од Крушевскиот манифест за слобода, обединување и просперитет е веќе на дофат. Сега, како што ви е, верувам, познато, Република Северна Македонија, граѓани

Џафери потенцираше дека е време за разум, за одговорност и висока свест и совест и како што рече, да се донесе најдобрата одлука за иднината на државата и граѓаните. Колку и да е тешка, тоа е сепак државничка одлука и мора да се преземе одговорност. Дури и да биде тоа по цена на некој иден политички пораз, по цена на позитивни или негативни реперкусии сепак, иднината ќе потврди дали е донесена правилната одлука. Затоа што, во денешен контекст, ако ги анализираме некогашните историските одлуки, а ги имало многу, и тогаш имало такви кои сметале дека биле погрешни но, времето и актуелниот признат и почитуван статус на Република Северна Македонија во меѓународен контекст потврдува дека биле вистинските одлуки, наведе претседателот на законодавниот дом. 

Во прославата во Крушево присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ја потенцираше важноста на Илинден, упати порака за единство, но и критики дека власта,  како што рече, „под маса договора дополнително да го распродадат македонскиот супстрат и македонскиот идентитет“.

-Пораката за единство на македонскиот народ е пред и над се.  И тоа е порака која што денеска ја упатуваме од овде, од Мечкин Камен, затоа што кога македонскиот народ, кога граѓаните во Македонија се единствени, дури ни таков тип на политичари немаат никаков ефект и ништо не можат да направат. Само единствени ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е Македонија која што ќе биде просперитетна, Македонија мајка на сите граѓани, развиена, Европска земја, изјави Мицкоски. 

For all of us, Ilinden represents the foundation of our identity, the struggle for statehood. A day for which many of our brothers and sisters laid down their lives in the past, so that we co

Тој истакна дека македонскиот народ покажува пркост и знае за што се бори, за својот идентитет, за својата држава и достоинствена иднина.

-Денеска од претставниците на власта ќе слушнете многу изјави, но додека ги зборуваат тие изјави пред медиумите знајте дека под маса договораат дополнително да го распродадат македонскиот супстрат и македонскиот идентитет за ден повеќе во фотелјите и ден повеќе да можат да ја пљачкаат и крадат Македонија, рече Мицкоски, кој традиционално за Илинден, упати порака и од струшко Ташмаруништа.

Илинден беше одбележан со положување цвеќе и на трите спомен обележја во Смилево, на могилата на Даме Груев, на Споменикот на Смилевските илинденци и на спомен плочата на смилевскиот партизански одред,  во Трново се одржа Семакедонската средба, а честитки за празникот упатија политички партии, здруженија и институции од државава и од странство.

Годинава 2 Август, Денот на Републиката - Илинден, се чествува под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“. Активностите стартуваа завчера во Крушево со традиционалната манифестација  „Десет дена Крушевска Република“. лв/дма/

 

 

Остани поврзан